Николоски: До крајот на годинава ќе објавиме уште шест нови авиолинии
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во телевизиско интервју синоќа најави уште најмалку шест нови авио линии од скопскиот и охридскиот аеродром.
– Веќе донесовме четири од Скопје и две од Охрид, а овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината. Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови шест линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше, а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по крактер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии, истакна Николоски.