ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Николоски: Вработените во МЖ и Пошта ќе земат плата, полицијата и обвинтелството ќе истражува за нивната презадолженост

Проблемот со платите на вработените во Македонска Пошта и во Македонски Железници – Инфраструтура и Македонски Железници – транспорт ќе биде надминат, за што веќе се работи на план за реструктуирање на постојните долгови и на постигнување нивна профитабилност, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.

-Се работи вкупно за 4400 вработени од кои дел се во Македонска Пошта, а дел се во Македонска Железница – Инфаструктура и Македонска Железница – Транспорт. Значи зборуваме за три претпријатија. Од овие три претпријатија две се АД, тоа се Македонска Пошта и Македонски Железници – транспорт, а за акционерските друштва финансирањето не оди од буџет туку од приходите кои што ги остваруваат и тука работиме на целосен план за реструктуирање на двете друштва кој што треба да им овозможи профитабилност од една страна, а од друга страна тоа што го правиме во моментов е реструктуирање на постојните долгови кои што ги имаат со цел да вработените земаат редовно плата, рече Николоски на новинарско прашање дали со ребалансот на државниот буџет ќе се обезбедат пари за Железници со оглед дека тоа претпријатие е во загуба веќе подолг период.

За МЖ – Инфраструктура Николовски вели дека има можност да се интервенира од буџетот и тоа ќе се направи со оглед дека станува збор за претпријатие во држава сопственост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button