Николоски: Започнуваме борба против административната мафија

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја започнуваме борбата против адинистративната мафија. Со овие измени, овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци, а може и почесто и што е многу важно жалбата нема да го одлага извршувањето. Во досегашниот систем тие контроли воопшто не се предвидени, а ова што ние го правиме со контролите го правиме на добра волја, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.
Нашата цел, потенцира Николоски, не е да казнуваме, туку да се воспостави ефикасен демократски систем во кој оние кои доброволно барале лиценци мораат да го почитуваат законот континуирано.
– Не само што земавме 479 лиценци од урбанистичкото планирање и градење, денеска на владината седница поминаа седум измени на закони кои што се надевам дека уште следната неделе ќе поминат и во Собранието. Со овие измени овие контроли стануваат обврзни најмалку два пати годишно на шест месеци може и почесто и многу важно, жалбата нема да го одлага извршувањето. Во сегашниот систем тие конторли воопшто не се предвидени, ние ова што го правиме го правиме на добра волја. Претходно требаше да се чека олдука на Управниот суд, па после тоа да се чека да стане правосилно решението. Ние велиме не, решението веднаш станува правосилно. Наша цел е да ги натераме оние кои доброволно побарале лиценца ако можеле да ги исполнуваат законските услови на денот на барање, да мораат да ги исполнуваат и во текот на целокупното работење. И затоа планираме оваа да е една континуирана акција пред се на подобрување на општеството. Наша цел е да се подобрува општеството, не е да казнуваме, казната доаѓа како првентивна мерка, истакна вицепремиерот Николоски.