ЕКОНОМИЈА

Николов: Нема суверена држава без сопствена енергетска структура

Поранешниот претседател на Асоцијацијата за рударство, Николајчо Николов, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат апелираше државата да ги земе во свои раце ресурсите за енергетика, што меѓу другото, би ја олеснило и процедурата за странски инвеститори во областа на обновливи извори на енергија.

Advertisements

„Нема суверена држава која нема сопствена енергија. Таа не е суверена, таа е зависна…државата треба да формира тело кое ќе изврши проучување каде може да се лоцираат фотоволтаици, да се проучи какви можности за приклучок имаме и тогаш да се бараат инвеститори. Гарантирам дека инвеститори ќе дојдат. Државата тоа треба да го земе во свои раце“, вели Николов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button