Николова: Скандалозна изјава на министерката за образование
Николова: Скандалозна изјава на министерката за образование

Изјавата на министерката за образование и наука Весна Јаневска дека учебници во по странски јазици од први септември ќе нема и дека тоа нема да претставува проблем бидејќи учениците учат јазици од серии, за опозициската СДСМ е катастрофална и доказ дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го уништи образованието. Пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, на прес конференција порача дека оваа изјава на министерката е само уште една потврда дека статусот на просветните работници нема да биде на нивото на кое бил со претходната власт.
“ Тажно е што ДПМНЕ постави министерка за образование, која, внимавајте, смета дека било важно само децата да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки. Покрај оваа крајно скандалозна и комична изјава, во исто време, Јаневска потврди дека статусот на просветните работници за ДПМНЕ не е важен. Потврди дека примањата и платите на просветните работници нема да се покачуваат како тоа што беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март”, изјави Даниела Николова пратеничка од СДСМ.