МАКЕДОНИЈА
Николовска: Има чесни и професионални судии, но и такви коишто го уриваат кредибилитетот на судството

Претставничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ружица Николовска во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, оцени дека во судскиот систем има судии и обвинители коишто се чесни и професионални, но оти постојат и такви поради кои се урива кредибилитетот на овој дел од системот.
„Сведоци сме во изминатиот период колку многу ситуации имаше…информации во јавноста за можни сомневања за некаков вид на криминал и за сите тие беа одржувани прес конференции…, но никаде за тие ситуации не видов и не слушнав дека се отворени случаи, дека е покрената било каква, макар и истражна постапка, без оглед како ќе заврши…“, рече Николовска.