ЕКОНОМИЈА
Николовски: Авансна исплата на дел од субвенциите, а земјоделците ќе треба да докажат дека произведувале

Нов модел на субвенционирање на земјоделството најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Како што кажа тој, новина е авансната исплата на дел од субвенциите, но има и дополнителни обврски за земјоделците.
„Стариот систем на субвенционирање, каде земјоделците добиваа субвенции без обврска да прикажат доказ дека оствариле производство, го заменуваме со новиот европски модел каде што сите земјоделци ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции“, рече Николовски.