Николовски: Кабелските оператори да плаќаат за емитувањето на националните телевизии

Законите апсолутно мора да се почитуваат во однос на обврските од законот за медиуми со кои врз основа на договори кабелските оператори треба да им плакаат на националните телевизии, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски.
„Кабелските оператори мора да ги почитуваат своите законски обврски. Законот е многу јасен и вели дека националните телевизии мора да имаат договори за компензација со кабелските оператори, што е логично затоа што граѓаните кои гледаат телевизија плаќаат на кабелските оператори, а дел од овој надоместок операторите мора да им го дадат на телевизиите, како што го плаќаат и странски канали кои ги емитуваат. Вториот дел, се однесува на пиратеријата и законот јасно кажува дека мора да има јасни договори за заштита на интелектуалните и авторските права за сите канали што се емитуваат во јавноста и за нивно снимање или реемитување“, изјави Николовски.