МАКЕДОНИЈА

Николовски не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција на која беше презентиран Е-инспекторот, рече дека не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција.

Advertisements

– Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите, истакна Николовски во одговор на прашањето дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button