ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Николовски повика обвинителство да ги процесуира предметите против Мерко

Николовски повика обвинителство да ги процесуира предметите против Мерко

Министерот за транспорт и врски, Александар Никлоловски го повика Јавното обвинителство да се охрабри и да си ја врши својата работа, да ги процесуриа сите предмети поврзани со актуелниот струшки градоначалник, Рамиз Мерко, како и за останатитте функционери, за кои тој имал поднесени соодветни пријави до ОЈО. Против Мерко во моментот се активни 8 предмети. За дел од нив веќе се водат судски процеси во Основнит суд во Струга.

Advertisements

„До кога ќе му се прогледува низ прсти на струшкиот градоначаланик. Таму со години плажите функционираат на диво, без договори за концесија? Па не се прогледува.Тоа е одлично прашање за Обвинтиелствотo. Го повикувам Јавното обвинителство да постапи. Досега како министер имам повеќе од 15 предмети испратено до Јавното обвинителство. Се надевам дека им треба време да ги сработат. За најразлични функционери од најниско до највиоско ниво. Во Струга има активни истраги и треба да си ги заврши Јавното онбинителство и се надевам да одат на суд и да бидат осудени тие кои што прават кримиал“, рече Александар Николовски-министер за транспорт и врски.

На 28 ноември, Мерко повторно ќе седне на обвинителна клупа, кога продолжуваат судењата за незаконско поставување на директори во основните училишта во селата Велешта, Лабуништа, Подгорци, и Браќа Миладиновци. Како сведок треба да се појави екс министерот за образование, Јетон Шаќири. Од Министерството за образование не ја исклучуваат можноста на Мерко да му бидат одземени ингеренциите и за други основни училишта, откако веќе му ги одзеде ингеренциите, над две основни училишта во селата Подгорци и Дрслајца,поради ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнувале условите за тоа.

„Нема одземени ингеренции во други училишта. А дали ќе се одземат, ќе знаеме по добивање на записници од ДПИ. Уште траат процедурите“, рече Министерство за образование.

Поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, вели дека на Мерко, треба целосно да му бидат одземени ингеренцитие во образованието.

„Јас ценам дека треба да му се одземат ингеренциите во сите основни училишта во Струга и струшко, затоа што незаконското делување и работење, правењето образовен криминал, кој не е нешто ново, туку е присутно и ден денес. И затоа мислам дека МОН час поскоро треба да му ги одзеде сите ингеренциите во сите основни училишта. Ваков случај што се счучува во Струга, каде овој кмет, кој беше недопирлив, сега нема вакви случеви нема. Тоа е невиден образовен криминал, кој го прави Рамиз Мерко“, рече Ѓорѓи Илиевски- поранешен просеветен инспектор.

На почетокот на октомври, Мерко заработи уште едно обвинение за незаконско поставување на директор во училиштето во селото Радолишта. Против Мерко активен е уште судски процес, за набвавката на луклсузното Ауди А6 од 67.000 евра, во време кога општианта била со блокирана жирио сметка./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button