
Кошаркарите на Њујорк Никс и Индијана Пејсер се изборија за меѓусебна пресметка во полуфиналето на Источна конференција, во НБА лигата.
Никс и Пејсер ги забележаа победите број 4 против Филаделфија односно Милвоки.Џејлен Брансон го предводеше Њујорк до победата 118:115 во шестиот натпревар. Брансон забележа 41 поен и 12 асистенции (трет последователен натпревар со најмалку 40 поени), Донте ДиВинченцо постигна 23 поени со седум асистенции, а О Џи Ануноби имаше 19 поени и девет скока. Во тимот од Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембиид со 39 поени и 13 скока. Бади Хилд додаде 20 поени, Тајрис Макси имаше 17 поени, пет скока и пет асистенции, Кели Оубре имаше 17 поени и пет скока, а Николас Батум заврши со 16 поени и седум скока.
Индијана Пејсерс славеше против Милвоки 120:98 за вкупни 4:2 во серијата. Без Јанис Адетокумбо и со повредениот Демијан Лилард, Милвоки немаа шанса против Индијана. Шестиот меч го решија играчите од клупата. Резервите на Индијана постигнаа 40 поени.
На спротивната страна Лилард, кој го припушти претходниот меч постигна 28 поени, Боби Портис додаде 20 поени и 15 скока, а Брук Лопез 20 поени.