ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ништо не се менува околу годините за пензионирање на жените

Главната измена во предлог Законот за пензиско и инвалидско осигурување е укинувањето на можноста граѓаните да го продолжат работниот век по навршени 64 години. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за Алсат вели, жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието.

Advertisements

„Согласно Уставот, ние не смееме да правиме дискриминација по пол. И сегашното законско решение тоа го вели, и опстануваме на одредбата дека и мажите и жените се еднакви. Доколку сакаат работат до 64 години, доколку сакаат со 62 години жените да одат во пензија тогаш поднесуваат барање и заминуваат во пензија на 62“, рече Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.

Официјалните податоци кажуваат дека во моментов нешто над шест илјади лица го имаат продолжено работниот век за една година. Инаку, измените на Законот за пензионирање четири месеци се заглавени во Собранието бидејќи опозицијата поднесе речиси 500 амандмани. Кога ќе биде одбокирано неговото носење засега не се знае. А така брзо нема да биде донесено и уште едно предизборно ветување на СДСМ, а тоа е откупот на стаж доколку е потребно за одење во пензија.

Министерката потврди дека пред тој Закон има други приоритети кои треба да се реализираат. Синдикатите бараат политиката да биде на страна од овие процеси и да се донесат соодветни закони кои ќе бидат во корист на работниците. Целта е младите луѓе да не бегаат од земјава и тука, во Македонија да си најдат соодветна работа и своја егзистенција.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button