Ниска доверба во институциите, Груевски најпопуларен кај граѓаните!
Ниска доверба во институциите, Груевски најпопуларен кај граѓаните!

Последното истражување на ИРИ со алармантни податоци за довербата на граѓаните во институциите во земјава. Само 4 отсто од граѓаните веруваат во судството, што е голем пад во однос на претходните податоци. Уште помалку веруваат во Јавното обвинителство. Само 3 отсто.
АНКЕТА НА ИРИ се фокусира на правдата/обвинителството
Довербата во образовните институции е ниска, со 11 отсто, додека 10 отсто од граѓаните имаат доверба во државните здравствени институции и полицијата. Врз основа на овие податоци, граѓаните имаат недоверба на секое поле.
58 отсто сметаат дека државата оди во погрешна насока, што е речиси двојно повеќе од лани кога овој процент изнесуваше 30. Незадоволството на граѓаните е слично како она во април 2016 година кога С Македонија беше во длабока политичка криза.
Граѓаните имаат мала доверба и во политиката. Само четири отсто им веруваат на политичките партии, колку што имаат доверба во судството. Довербата за Собранието е иста, 4 отсто, за Владата 7, за опозицијата 8, а за локалната власт 11 отсто.
Истражувањето на ИРИ посочува дека на сцената како најпопуларен политичар се врати поранешниот побегнат премиер кој доби азил во Унгарија, Никола Груевски. Од 3-процентната доверба што ја имаше во анкетата лани, Груевски сега ужива поддршка од 7 отсто, оставајќи ги зад себе сите лидери на политички партии во земјава. Анкетата била спроведена од 23 септември до 13 октомври годинава преку директни интервјуа со граѓани./Alsat.mk
Ардит Рамадани