ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниските температури предизвикаа големи штети во земјоделството

Ниските температури предизвикаа големи штети во земјоделството

Одгледувачите на јаболка од Преспа, праските и кајсиите од Росоман, но и некои други овошни култури претрпеа големи штети од климатските промени и температурите под нулата изминативе денови. Според министерот за земјоделство, кај некои овошни култури штетите достигнуваат и до 100%.

Advertisements

Поради ниските температури и предизвиканите штети, оваа година ќе имаме недостиг од некои овошни култури кои во изминатите години беа многу баран производ за извоз и се беа со висок квалитет.

Според Трипуновски, локалните единици формирале комисии и откако ќе се процени штетата на терен, елаборатот ќе биде доставен до владината комисија, а со одлука на владата ќе бидат обештетени земјоделците кои претрпеа штети од ниските априлски температури./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button