Ниските температури штетни за некои овошки, но дождот е добредојден

Ниските температури под нулата за овој период од годината се невообичаени и за агрономите се загрижувачки.. Агрономите велат дека дрвјата кои се во фаза на интензивно цветање во овие услови можат да претрпат големи штети.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, температурите во четврток и петок ќе се спуштат до минус 5 Целзиусови степени.
Агрометеоролозите велат дека големо влијание за овошките, има и времетрањето за ниските температури и колку често осцилациите на температурата се повторуваат. Ангелко Ангелески вели дека од ниските температури најмногу трпи овошјето.
Агрометеорологот Ангелески вели дека врнежите од дожд кои синоќа во одредени региони беа и до 60 литри на метар квадратен се многу добредојдени со оглед на фактот што акумулациите се празни.
Ајнур Бафќари