ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту догодина нема пари за ново училиште во Идризово

Ниту догодина нема пари за ново училиште во Идризово

Буџетот на Министерството за образование за 2023 година не планира изградба на основно училиште во Идризово. Од ресорот се правдаат дека општина Гази Баба нема поднесено барање и проект за изградба. Алсат упати прашања до Гази Баба, но одговор не добивме. Отидовме во Идризово. За време на нашиот престој се сретнавме со ученици кои се враќаа од ОУ „Његош“ во Јурумлери. До петто одделение во ова училиште имаат право да учат на мајчин јазик. Потоа од шестто до деветто учат на македонски затоа што нема паралелки на албански.

Колку ученици имате во Колонија? 22 или 23. На кој јазик учите? Македонски. На кој јазик сакате да учите? Албански, но бидејќи нема, учиме македонски. Колку ученици Албанци има во македонските паралелки? Ние сме 5 ученици Албанци.

„Албански до петто одделение, потоа од шесто? На македонски. Дали тоа ќе биде проблем со јазикот? Не. Дали знаеш македонски? Малку.

Сакам да одам во Огњанце во шесто одделение. Зошто во Огњанце? За да не го заборавам својот јазик. Дали сакаш да учиш албански? Да.

Жителите на Идризово се револтирани. Велат дека врз нивните деца се врши дискриминација и бараат ново училиште.

Засега ништо, само се враќаме, децата одат во Колонија. Рекоа дека овде ќе градат училиште, но кога, само празни зборови, поминаа 50 години.

Дали дома зборувате албански или друг јазик? Албански, секако? На кој јазик учи детето сега? На македонски бидејќи и јас учев македонски, го запишав и своето дете.

“Ако не го изградат, ќе ги отпишам од училиште, ќе знам дека ми се дома, не можам да ги носам двете мали деца секој ден бидејќи неме превоз. Немам есап секој ден да патувам, да ги носам децата”, изјави една жителка.

Родителите и учениците од село Идризово повеќе од една деценија бараат настава по албански јазик од шесто до деветто одделение, во основното училиште „Његош“ во Јурумлери. Општина Гази Баба во 2019 година го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште и решија да се изгради ново во Идризово каде би учеле сите деца од селото./Alsat.mk

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button