ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту еден функционер не е казнет за злоупотреба на службен имот за партиски цели

Ниту еден функционер не е санкциониран поради прекршувањето на Етичкиот кодекс. Најблиску до санкција бил вицепремиерот Артан Груби, во чиј кабинет во Министерството за политички систем се одржуваа партиски средби. И покрај дописот од вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, за ваквите прекршувања на Груби санкција од страна на премиерот се уште нема .

Advertisements

„Само за еден случај, само за случајот со Артан Груби сме дошле во ситуација после две опомени за непостапување по опомените, сме пратиле допис до премиерот, којшто треба според Етичкиот кодекс да одлучи која е мерката којашто ќе ја изрече“, рече Грковска.

Според Грковска, за одредени лица опомените не се доволни. Затоа се работи на Закон, со кој за прекршувањата на Етичкиот кодекс функционерите ќе бидат директно казнувани.

„Ние почнавме да работиме на законско решение со кое ќе ги обврземе санкциите од Етичкиот кодекс со некакви законски норми, врз основа на кои би можеле да има и некакви други санкции, прекршочни или од друг карактер“, додава Грковска.

Зборувајќи за злоупотребата на службените возила во партиски цели, што е практика особено во предизборниот период, Грковска рече дека кај дел од оние што претходно биле опоменати веќе имало видлива промена. Последно пак, првиот вицепремиер Бојан Маричиќ беше забележан како го користи службеното возило за да се потпише на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател, но според Грковска досега нема доволно аргументи за евентуалното прекршување. Таа воедно порача јасно да се разграничат државните од партиските активности.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button