ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту еден од 6-те кандидати не ги доби потребните гласови во Советот на обвинители

Пропадна изборот на четворица обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал. Ниту еден од шесте пријавени кандидати не успеа да обезбеди мнозинство гласови од Советот на обвинители. Според претседавачот на Советот, е потребно да има промени и нови кандидати во ова обвинителство.

Advertisements

Јолевски додаде дека и покрај тоа што оваа постапка се одолговлекува со месеци, на следната седница повторно ќе објават оглас и ги охрабри младите да се пријават. За тоа дали чувствува одговорност што не се избрале обвинители, рече дека сите членови на советот гласале по свое убедување.

Меѓу кандидатите имаше и две обвинителки кои веќе работеа во ова обвинителство, Милица Гаврилова, Маја Коневска. Меѓу кандидатите беа и Елизабета Јосифовска, Златко Биковски, , Арсим Адеми и Верица Бержевска Крстевска. Додека оваа постапка пропадна, Советот на обвинители распиша и конкурс за нов шеф на ова обвинителство, бидејќи мандатот на шефицата Вилма Русковска истекува на 14 ноември. Рокот за кандидирање заврши минатиот петок и има вкупно пет кандидати. Кој ќе биде новиот шеф на ова обвинителство ќе се знае на 7 ноември. Изборот на шефот на организираниот криминал првпат ќе се врши со директно гласање, па за него ќе гласаат сите обвинители.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button