ВЕСТИСВЕТ

Ниту еден преживеан не е пронајден по падот на авионот во Кина

По падот на авионот од типот „боинг 737“ на кинеската авиокомпанија „Чајна истерн ерлајнс“, во кој имаше вкупно 132 лица, не се пронајдени преживеани, а потрагата продолжува денеска, јави кинеската државна телевизија.

Advertisements

Во извештајот се наведува дека меѓу остатоците од авионот кои се пронајдени на местото на несреќата, досега не е пронајдено ниту едно лице.

Кинеската новинска агенција Синхуа јави дека авионот создал голема дупка во планинската област каде што се урнал, а оттаму додаваат дека црната кутија ќе се бара и со беспилотни летала.

Авион со 132 патници и член на екипажот кој летал од градот Кунминг во западната провинција Јунан кон индустрискиот центар Гуангжу на источниот брег на земјата се урна вчера во близина на градот Вужоу.

Засега не е позната причината за падот на авионот што бил во употреба шест години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button