ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту една афера поврзана со Дуи нема разрешница

Ниту една афера поврзана со Дуи нема разрешница

Во јавноста се појави нова афера во која се осомничени функционери на ДУИ. Последната афера е тендерот на министерот за надворешни работи Бујар Османи со кој беа доделени 1,8 милиони евра на компанијата која е донатор на ДУИ, додека претходните афери се уште не се разјаснети и немаат судски епилог.

Advertisements

Кога станува збор за министерот Бујар Османи, пред извесно време Антикорупциската комисија во МНР констатираше и други прекршувања и сомнежи за злоупотреба на службената должност. Антикорупциска утврди дека министерот Бујар Османи ги користел автомобилите на министерството за партиски активности. Исто така, антикорупциската утврдила дека МНР нема докази како ова министерство троши нафта за службени возила. Но, за овие сознанија на Антикорупциската комисија до сега не е покрената истражна постапка.

Пред извесно време во јавноста се обелоденија аферите и за членов на семејството на првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Корупциски скандали „експлодираа“ кога во јавноста се прошири информацијата дека неговиот внук Дрин Ахмети без да вложи денар во соработка со инвеститор од Албанија го купил трговскиот центар Сороавија во центарот на Скопје. Дрин стана косопственик со 39% од акциите на овој деловен објект без да вложи ниту денар, а притоа заработи капитал од десетици милиони евра.

Но, тогаш истражувачката емисија КОД го откри стеблото на фирми на членовите на семејството на Али Ахмети, кои се занимаваат со бизниси во Македонија, од кои дел добиле и државни тендери. Покрај внуците на Али Ахмети, синот на Али Ахмети се појавува и во неколку фирми косопственици, од кои едната е за производство на струја. Во бизнис стеблото  на семејството Ахмети се и фирмите на ќерката и зетот на првиот човек на ДУИ, Куштрим Смајлај, кој е од Ѓаковица, сопственик на фирма со адреса во општина Кисела Вода која се занимава и со градежни бизниси.

Сомнежи за злоупотреба на службената положба во јавноста се појавија и за вицепремиерот Артан Груби. Ова беше откако изгоре автомобилот „ауди“ кој тој  приватно го користел. Груби негираше дека автомобилот е негов, но рече дека е на негов пријател бизнисмен кој му го дал да го користи. Сопственикот на атомобилот  е всушност газда на фирмата која за малку пари  купи хотелот на Попова Шапка,од компанија која потоа го доби тендерот за изградба на патот Скопје-Блаце. Но за сите овие афери се уште нема епилог од органите на кривичното обвинителство.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button