ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ниту тој ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него, вели Сиљановска-Давкова по повод Денот на македонскиот стандарден јазик

Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него. Ова е пораката што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја упати по повод Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Advertisements

„Ние сме оние што во него се препознаваме, со него се идентификуваме, по него се разликуваме од другите“, пишува таа.

Според неа, заштитата на македонскиот јазик е наша висока должност и завет, како и дека главните пораки што на овој ден се праќаат е „Додека нè има, ќе го има и него, јазикот наш насушен“.

„Без македонскиот јазик не ќе можевме да испраќаме пораки на македонски ниту да бидеме негови мисионери“, се вели во пораката на претседателката.

Македонскиот јазик, како што посочува, ни е духовна храна, важна и потребна колку мајчиното млеко, тој ни е идентитетско сонце, татковина од искона.

„Македонскиот јазик е река што извира од европски извор и се влева во морето на европксата и во океанот на светската цивилизација. Близнак на народниот дух, македонскиот народ битисувал во лоши и во добро низ вековите, зреел со македонскиот народ, растел и се збогатувал со новите зборови што никнувале за да ја изразат народната болка и радост, се калел и калемел во содејство со блиските јазици. Плачел, шепотел, пеел, играл им пркосел на оспорувањата и негирањата, опстојувал“, кажа таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button