Низа мерки за намалување на ризиците од поплави во Полошкиот регион
Низа мерки за намалување на ризиците од поплави во Полошкиот регион

Проектот за спречување на поплави во Полог е завршен, по катастрофата што се случи во 2015 година. Со инвестиција од швајцарската држава во износ од 12 милиони евра, во Полог, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите, преземени се мерки на полето на превенција од лизгање на земјиштето, расчистување на потоците во Шара, како и речните корита во Полог.
„Подобрувањето на отпорноста од поплави во Полошкиот регион е многу важно за одржување на еколошката безбедност и одржливиот развој на овој регион, особено Полог, кој вклучува многу села и градовите Тетово и Гостивар, кои се изложени на поплави и затоа бара интегриран пристап кој вклучува инфраструктура за управување со водите и технолошка поддршка. Овие мерки треба да се спроведат на одржлив и долгорочен начин, за да се обезбеди овој регион од поплави и други последици од природни непогоди. Овој проект помогна да се изгради посилен систем и управување со ризикот од поплави и создаде можности за понатамошен развој на заштитната инфраструктура во регионот“, рече Изет Меџити Прв вицепремиер.
Швајцарската амбасадорка, Вероник Улман, рече дека активностите за спречување на поплавите не завршуваат тука.
„Трагичните настани од 2015 година навистина оставија болни сеќавања. Швајцарската држава се солидаризира со населението од овој регион, и затоа почна да поддржува активности за отпорност на поплави. Во изминатите 7 години ги поддржавме овие проекти во износ од 12 милиони евра, и резултатите се видливи бидејќи изградивме инфраструктура за спречување на поплави. Овој план имаше за цел и ограничување на штетите од поплавите, но и подготовка на населението за безбедна евакуација во случај на поплави“, додаде Вероник Улман, Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија.
„Прво сакам да им се заблагодарам на сите кои помогнаа за успехот на проектот, нашите жители и партнери кои помогнаа и го поддржаа овој проект. Со овој проект ја зајакнавме инфраструктурата против поплави со повеќе видови интервенции, како уредување на речното корито на Боговиње и Шипковица, чистење на Вардар во Гостивар и Јегуновце и стабилизирање на ерозивните површини околу 42 хектари низ целата територија. Исто така, го зајакнавме нашиот капацитет за справување со поплавите“, нагласи Армен Григоријан-постојан претставник на УНДП.
Штетите од поплавите од 2015 година се проценети на околу 35 милиони евра./Алсат.мк
Башким Сулејмани