ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Низа пропусти во Законот за угостителска дејност утврди Антикорупциска, под лупа уште неколку закони

Низа пропусти во Законот за угостителска дејност утврди Антикорупциска, под лупа уште неколку закони

Прецизирање на законите со кои се уредува издавањето лиценци на угостителски објекти, преиспитување на висината на прекршочните глоби, задолжителни проверки од страна на државниот пазарен инспекторат, се само дел од апелите кои денеска ги испратија антикорупционерите, откако по сопствена иницијатива спроведоа анализа на законот за угостителска дејност по трагедијата во Кочани во која загина 61 лице. Нотирани се бројни законски нелогичности кои отворале простор за сериозни злоупотреби.

Advertisements

“Постојат бројни регулаторни ризици кои произлегуваат од недоволно прецизно, нецелосно и неконзинстентно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми, како и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од страна на надлежен орган. Се евидентира, односно се забележува правна неусогласеност со други системски закони, пред се со законот за инспекциски надзор и законот за прекршоци што води и до правна несигурност и различна примена во пракса”, рече Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК .

Сите овие забелешки ќе бидат доставени до креаторите на законите, а антикорупционерите очекуваат нивната реакција да има превентивна моќ.

„Очекуваме зајакнување на превентивниот пристап и наместо да се реагира на коруптивни практики пост-фактум да имаме проактивност, со што ќе се овозможи законите да бидат ослободени од коруптивни ризици. Сите овие како што споменав и претходно резултати од оваа антикоруципска проверка ќе бидат јавно достапни, целиот процес ќе биде транспарентен и јавен, а извештаите и препораките ќе ги доставиме покрај до предлагачите на законите и до Владата и до Собранието, се со цел, да се подобрат овие закони„, додаде Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК .
Покрај законот за угостителска дејност, препораки за подобрување на законските решенија ќе бидат доставени и за законот за заштита и спасување, законот за локална самоуправа, но и за законот за заштита од експлозивни материи, каде антикорупциска забележува дека повеќе од 15 години во земјава нема забрана за употреба на пиротехнички средства во простории од затворен тип, нешто што директно доведе до пожарот во дискотеката Пулс во Кочани./Алсат.мк

Михаило Донев

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button