ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ноќеска бил почувствуван земјотрес на повеќе места во југозападна Македонија, епицентарот во Преспа

На триесетина минути по полноќ ноќеска бил почувствуван земјотрес на повеќе места во Охридско-преспанскиот регион. Земјотресот, како што информираа од Сеизмолошката опсерваторија, бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во подрачјето на Преспа. Регистриран е на 120 километри јужно од Скопје.

Advertisements

Потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button