ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – ГП „Блаце“, по прекинот поради проблем од косовска страна

По неколкучасовен прекин, од попладнево сообраќајот на магистралниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“ е повторно нормализиран, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот кон преминот „Блаце“ од утрово беше вон функција поради што за да се избегне метеж, товарните возила се пренасочуваа кај бензинската пумпа „Дизел“.
Како што информираат од АМСМ, според известувањето што го добиле движењето на возилата е вратено во нормала, односно сообраќајот е нормализиран во 13.05 часот.
Инаку, како што информираа во утринските часови оттаму, причина за застојот бил технички проблем на терминалот од косовската страна на граничниот премин.