ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов ден, нови дојави за бомби: Евакуирани 39 основни и средни училишта во Скопје

Дојави за поставени експлозивни направи и денеска се стигнати на електронските адреси на основни и средни училишта во Скопје.

Advertisements

Според информациите од Министерството за внатрешни работи денеска „бомбашите“ испратиле електронски пораки до 21 средно и 18 основни училишта.

Од МВР велат дека учениците и вработените во училиштата веднаш се евакуирани и во тек се проверки на објектите.

„Денеска до 10 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се наведува во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button