ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов ден, нови дојави за бомби, ново губење на часови

Некои држејќи се за рака, други во ред, а многу други ученици повторно во групи против нивна волја беа принудени да го прекинат наставниот процес поради нови дојави за бомби. Покрај децата, револтирани се и наставниците кои едвај успеваат да ги испратат децата дома бидејќи голем дел од родителите се на работа.

Advertisements

„Двајцата родители кои се вработени имаат проблем, не можат да излезат од работа, па еден час ги чекаме родителите надвор. Децата губат часови, ова е веќе премногу, овој проблем мора да се реши. Што ако се префрлите на онлајн настава? Нема ефект, не би рекла да се префрлиме на онлајн учење затоа што нема успех, не успеа кога имавме пандемија. Сто отсто пропаѓа, има родители кои немаат услови, има 3-4 деца, немаат мобилен телефон или лаптоп, можеби имаат само еден уред. На пример, јас и сопругот работиме во образование, да речеме имаме услови или посебни простории за работа со ученици или деца“, рече Илмије Шахини, учителка.

Директорите пак, се жалат дека не наидуваат на разбирање од одредени родители кои бараат подобро менаџирање на наставниот процес.

„Се трудиме да се снајдеме, да бидеме во контакт со родителите, не се разбираме со некои родители затоа што сите обвинувања се насочени кон нас зошто не ја координираме работата или не сме информирани. Сè додека тоа не зависи од нас, не можеме и немаме што повеќе да правиме, но не се штедиме ниту ние, ниту колегите. Што се однесува до онлајн наставата, има голем револт од родителите, ниту учениците, ниту родителите не се подготвени бидејќи нашиот стандард е познат, економските услови се познати“, рече Фиторе Ќирези, директорка на „7 Март“.

Министерот за образование пак, вели дека ситуацијата со дојавите за бомби веќе станува неодржлива.

„На почетокот мета беа само средните училишта, а сега гледаме дека мета се и основните училишта…“, рече Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Поради сето ова наскоро се очекува да бидат донесени нови препораки поврзани со наставниот процес.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button