Нов карантин ќе биде смртоносен за голем број на фирми

Нови рестриктивни мерки како затворање на стопанството поради зголемениот број на новозаболени од Ковид 19 ќе значи и пропаѓање на огромен број на компании. Приватниот сектор не може да преживее уште еден период на карантин смета академик Изет Зеќири. Според него потребно е да се засилат инспекциските контроли во угостителските објекти, и на сите други места каде се движат младите, бидејќи според возраста на новозаразените најголем дел од нив е младата популација. На пазарната инспекција поддршка да и дадат и останатите инспекторати.
„Мора да се подобри системот на менаџирање на институциите што работат со клиенти. Недолично е граѓаните да чекаат пред банки, со часови некои со маски некои без маски за да реализираат некое право“, вели Изет Зеќири академик.
Во никој случај не треба да се размислува на затварање на сектори како тоа што беше на почетокот на пандемијата, дециден е и универзитетскиот професор Марјан Петревски. Професорот смета дека граѓаните на некој начин веќе научија да живеат со вирусот и во најголем дел ги почитуваат здравствените протоколи.
„Јас не очекувам дека ќе имаме затварања од големина како што видовме во вториот квартал апсолутно тоа не е пожелно, би рекол дека тоа во моментов не е ниту потребно. Единствено што би рекол дека Владата треба да направи е да ги менаџира паралелно здравствените и економските ризици секако со одредени ограничувања на економските субјекти но не и целосно затварање“, рече Марјан Петрески универзитетски професор.
Академик Зеќири смета дека досегашните три сета на мерки не ги дадоа посакуваните ефекти. Зеќири додава дека со новиот четврти сет мерки треба да се зголеми бројот на работници кои ќе добијат минимална плата, но таа да не биде префрлана на газдите, туку директно на сметките на работниците за да нема можна злоупотреба да државните пари а и граѓаните да немаат обврска да чекаат пред банките. Ставот на професорот Петрески е дека доколку Владата реши да го затвори стопанството ќе мора да се ревидира прогнозата за раст на БДП која дополнително ќе се намалува во тој случај.
Иле Петревски