
Авион со 40.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ денеска слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а бил пречекан од министерот за иновации, Ненад Поповиќ.
Поповиќ за РТС изјавил дека во земјата пристигнале 20 000 дози на првата и исто токлу од втората компонента од вакцината. Тој појаснил дека вакцините се доставуваат во специјални контејнери тешки близу 200 килограми, на температура од минус 20 степени, којашто постојано се контролира.
„На 11 февруари очекуваме пристигнување на руски експерти за производство кои заедно со нашите експерти во институтот „Торлак“ ќе ги увидат можностите за што поскоро започнување на производство на оваа вакцина во Србија“, објавил Поповиќ.