ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов протест против измените во законот за игри на среќа

Нов протест против измените во законот за игри на среќа

Здружението на организатори на игри на среќа и обложувалници се против измените во Законот за коцкање, кој предвидува дислокација на казината и обложувалниците на 500 метри од училиштата.

Advertisements

Тие сметаат дека крајната цел ан предложените измени не е да се заштитат тинејџерите, туку да се затворат домашни фирми за, како што велат, потоа одредени лица преку нови веб-страници со странски компании да го преземат бизнисот.

Претставниците на овие две здруженија велат дека со затворањето на легалните обложувалници и игри на среќа се отвора пат за организирање вакви игри „на црно“. Тие подвлекуваат дека со затворањето на нивните фирми без работа ќе останат 10.000 лица, а индиректно ќе бидат погодени 50.000 семејства.

Бараат претседателот Пендаровски да не го потпишува законот доколку тој биде изгласан, потсетувајќи го дека во постапката се злоупотребува европското знаме за измените да бидат донесени по скратена постапка. /Алсат.мк

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button