ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов сет на услуги од Основните судови од денес се достапни на порталот uslugi.gov.mk.

Нов сет на услуги од Основните судови од денес се достапни на порталот uslugi.gov.mk.

Нов сет на услуги од Основните судови од денес се достапни на порталот uslugi.gov.mk.
Граѓаните од сега ќе имаат полесен пристап до судските услуги со што ќе заштедат време
и нема да чекаат редови пред сдовите или да се враќаат во своите родни места за да ги
извадат потребните документи. Тие ќе извршуваат уплата по електронски пат и за само
еден ден на барателите ќе им бидат доставени документите на нивните е пошти.

Advertisements

„ Да избере услуга која што му е потребна, да речеме потврдата за која што денеска
зборуваме од кривична евиденција од физичко или правно лицето да пополни онлајн
барање каде што ги внесува само дпополнителните податоци каде што системот
претходно не ги извлекол по автоматизам, најголемиот дел од нив ги извлекува по
автоматизам. Електронски се плаќа административната такса преку инрегрираниот
платежен сервис и документот во многу краток рок пократок од два дена, а некогаш и
во рок од неколку минути се добива дигитално потпишан документ во ПДФ форма кој
може да се зачува, може да се испрати електронски онаму каде што е потребно, или
може да се испечати , ако се испечати тој има иста правна важност како и документ
заверен со традиционалниот печат“, рече Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Од Министерството за дигитална трансформација велат дека во следните месеци во
парнерство со институциите ќе работат на е потсетник и електронско сандаче за достава
на секој граѓанин нови услуги од областа на енергетиката, транспортот, здравството и
образованието./Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button