ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Нов сој на коронавирус откриен во повеќе земји, СЗО: Ниско ниво на ризик

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува во некои делови од светот, со појавата на нов сој на вирусот, означен како „NB.1.8.1“, но дека ризикот за јавното здравје во моментов се проценува како низок на глобално ниво.

Advertisements

Зголемувањето на случаите е регистрирано првенствено во земјите во Источниот Медитеран, Југоисточна Азија и Западниот Пацифик, објави NBC News.

Американските власти го идентификуваа новиот сој преку надзор на аеродромите кај патниците кои пристигнале од тие региони во Калифорнија, Вашингтон, Вирџинија и Њујорк.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button