СПОРТФУДБАЛ

Нов удар за Реал: Винисиус се повреди во поразот на Бразил

Реал Мадрид мора да се соочи со уште еден голем проблем во однос на повредените фудбалери, бидејќи утринава Винисиус беше принудно заменет на дуелот меѓу Колумбија и Бразил.

По само 27 минути на теренот, ѕвездата на шпанскиот клуб и бразилската репрезентација го напушти теренот со очигледна болка и фрустрација поради настаната ситуација, па сега лекарскиот тим на Реал ќе го очекува враќањето на Винисиус за да утврди за каков проблем се работи.

Самиот Винисиус по натпреварот прогнозирал дека се работи за истата повреда од почетокот на сезоната, но и дека дополнителните прегледи ќе мора да го потврдат тоа.

Засега е рано да се прогнозира колку би траела паузата на Бразилецот, но шпанските медиуми сметаат дека за него веројатно годината е завршена, со оглед на тоа што Реал има обврски до божиќната пауза која започнува на 20. декември.

Извор: derbi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button