ВЕСТИСВЕТ

Нов Зеланд планира целосно да го забрани пушењето: Родените по 2008 година нема да може да купат цигари

Во моментов, околу 13 отсто од возрасните во Нов Зеланд пушат, што е помалку од 18 отсто кои пушеле пред десет години.

Нов Зеланд ќе ја забрани продажбата на тутун на своите помлади генерации во обид на крајот целосно да се откаже од пушењето, пишува Би-Би-Си.

Advertisements

Никој роден по 2008 година нема да може да купува цигари или тутунски производи во текот на својот живот, според предлог-законот што треба да се донесе следната година.

„Сакаме да се погрижиме младите никогаш да не почнат да пушат“, рече министерот за здравство Др. Ајша Верал.

Овој потег е дел од сеопфатната борба против пушењето презентирана од Министерството за здравство на Нов Зеланд. Лекарите и другите здравствени работници во земјата ја поздравија оваа „водечка во светот“ реформа која ќе го намали пристапот до тутун и ќе го ограничи нивото на никотин во цигарите.

„Ова ќе им помогне на луѓето да се откажат од пушењето или да се префрлат на помалку штетни производи и да се намали веројатноста младите да станат зависни од никотин“, вели професорката Џенет Хук од Универзитетот во Отаго.

Нов Зеланд е решен да ја постигне целта за намалување на националната стапка на пушење на 5 проценти до 2025 година, со цел конечно целосно да се елиминира употребата на тутун.

Во моментов, околу 13 отсто од возрасните во Нов Зеланд пушат, што е помалку од 18 отсто кои пушеле пред околу десет години. Но, стапката на пушачи е многу повисока – околу 31 процент – кај домородното население Маори, кое има повисока стапка на морбидитет и смртност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button