ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нов земјотрес почувствуван во Битола

Рано утрово, поточно во 3:40 часот, почувствуван е нов земјотрес во Битола, покажуваат информациите на Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Станува збор за земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтеровата скала, а чиј епицентар бил во соседна Грција, поточно во Лерин.

Покрај овој земјотрес, синоќа биле почувствувани и три слаби земјотреси на 18 километри од Битола, со јачина од 2,5 до 2,7 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button