МАКЕДОНИЈА

Нова дводневна средба на македонско-бугарската Историска комисија

Членовите на македонско-бугарската Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска и утре во Софија ќе одржат нова средба, прва оваа година, на која според најавите ќе се разговара по забелешките за учебниците по историја, како и за Гоце Делчев.

Advertisements

На претходната средба, одржана на почетокот на декември 2021 година, која беше 16. по ред, членовите на Комисијата, како што соопшти тогаш македонската страна во ова заедничко тело, не успеаја да ги надминат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button