ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нова пресуда на Стразбург против државава

Нова пресуда на Судот во Стразбург против државата. По 7.500 евра ќе добијат двајца Роми кои во 2014 – та година биле брутално претепани од полицајци, иако тогаш биле малолетни. Судот за човекови права увидел полициска бруталност во случајот. Пред неколку дена, за нефер судење, оштета од 5.700 евра доби и Љубе Бошковски. Поради процесни пропусти во текот на судењата пред домашните судови, државава е тужена пред Стразбург. Штетите од лошите процеси ја плаќаат граѓаните. По овој основ само лани се платени над 260 илјади евра или во последните три години речиси половина милион евра.

Advertisements

„Секоја пресуда којашто укажува дека некој судија постапувал погрешно или небрежно до таа мера, што тоа е погрешно и со тоа нанел тешки последици или нанел штета, тоа може да биде основа за разрешување, но не само поради пресудата на Судот за човекови права“, рече Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Но, освен во Стразбург каде државата добива тужби за нефер постапки, граѓаните плаќаат штети и за постапки пред домашните судови, каде како застапник се јавува Државното правобранителство. Во еден случај лани по основ на неоснован притвор и неоснована пресуда, на едно лице му се исплатени над половина милион денари. Според информации на Алсат, Државното правобранителство ја известило владата дека по основ на лоши обвиненија и лоши пресуди, државата плаќа илјадници евра оштета. Меѓу другото направиле и анализа со случаи кои се испратени и до Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде се чешлаат случаите за кои има сомнеж дека има неосновано постапување на обвинители или судии.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button