СВЕТ

Нова размена на оган меѓу индиски и пакистански војници во регионот Кашмир

Најмалку 13 цивили се убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади на индиската страна од регионот Кашмир, соопшти денеска индиската влада.

Advertisements

„Пакистанската армија испука лесно оружје и артилерија преку линијата на контрола што го дели Кашмир, на што индиската армија одговори пропорционално“, рече потполковник Сунил Бартвал.

Повеќето цивили се загинати во село на северозапад, по должината на линијата на контрола што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

Според најновите податоци, на пакистанската страна загинале најмалку 31 лице.

Пакистан започна артилериски напади на индиска територија како одговор на нападите на индиските сили кои претходно ја таргетираа пакистанската територија како одмазда за смртоносниот напад од 22 април.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button