ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нова седница на Комисијата за социјална политика, останува неизвесно дали ќе се одржи

Во Собранието за денеска е закажана нова седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, со единствена точка на дневен ред – Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Сепак, останува неизвесно дали ќе се одржи со оглед на тоа во понеделникот пратеникот Бејџан Илјас, кого претседателот на Собранието го назначи да ја води оваа Комисија, го одби ваквиот предлог.
Илјас во понеделникот во изјава за МИА посочи дека до претседателот на Собранието доставил потпишано писмо во кое го известил спикерот Гаши дека не прифаќа да претседава со оваа Комисија, особено не со точка на чиј дневен ред ќе биде Предлог-законот за бранителите.