ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новата министерка за образовани најави дека ќе има реформи

Новата министерка за образовани најави дека ќе има реформи

Новата министерка за образование е 19-та по ред во овие 30 години како трае демократската транзиција. И секој министер што доаѓаше, се обидуваше да направи реформи. И актуелната минситерка најави дека ќе има реформи, но со една цел, да ја смени претходната реформа што ја направи министерката за образование Мила Царовска.

Advertisements

Јас ја поддржувам, наставните единици треба да се вратат како што беше порано, бидејќи во Европа нема земја каде што нема историја, географија, биологија, физика, хемија и слично, туку тие се како одделни наставни предмети. Недостигот на учебници е проблем, кој во последно време е доста актуелен. И тешко е да се обезбедат. Затоа ова е 5-та година што недостигаат текстови и покрај напорите што ги прави министерката, бидејќи образованието не е добро организирано и нема соодветни реформи. Под реформи подразбираме долг процес, што е сложен и сеопфатен, да се промени образовниот процес структурно и радикално.
Реформи не се ако опфатиме еден предмет. Реформа не е ако направиме мала промена, како што направија претходните министри. И во Македонија имало многу процеси на промени, но немало искрена реформа, која би била радикална и која би била конзистентна, која не би имала последователни промени, туку би била во тек со времето и иднината. Впрочем, секоја реформа треба да почне од систематско реформирање од основното до високото образование. Потоа треба да се направи реформа на средното стручно образование, кое кај нас е голем проблем, но многу малку е релевантно за креаторите на образовните политики. Треба да им се овозможи на учениците да учествуваат на меѓународни натпревари, со кои се прави мерење на знаењето на студентите.
И треба да има промени во оценувањето на работата на наставникот и нивното професионално стимулирање.
Ова значи враќање на нулта точка, бидејќи ќе се случи стратешка системска реформа, тогаш секогаш почнуваме од нула. Не се согласувам со многумина дека нашето образование е катастрофа, дека нашето образование е лошо и дека нема ништо. Во образованието има успеси, има процес. На образованието му недостасува квалитет и тоа е главниот столб.. Немаме образование што обезбедува иднина на ученикот, студентот. Ние имаме образование каде доминира корупцијата, рекетот, оценките се купуваат, се продаваат, се купуваат дипломи, титули. Сите овие се одразуваат во образованието од основното до универзитетското образование.
Се зборува често дека промените во образованието излегуваат неуспешни. Колку ова им наштетува на учениците. Колку учениците успеваат да стекнуваат знаења за што практично и одат во школо?

Моментално со недостиг на книги, со промена на наставни планови и програми учениците потфрлуваат во нивните знаења. Кај учениците недостасува системот на знаење, системот на вредности, системот на конципирање на новите поими. Реформата е, ученикот да биде во центарот на вниманието. Реформата не треба да се случи со стручниот тим од МОН туку реформата треба да се направи од наставникот бидејќи тие се носители и тие се трансформатори на наставниот процес. Без нивно учество ниту една реформа нема успех и без учеството на родителите кои се членови на училишните совети, реформата нема да унапреди и реформата може да остане процес во транзиција, процес кој нуди новитети, но потфрлува во некој друг аспект и затоа реформите бараат студии, да се направи со статистички параметри, со индикатори кои може да се споредат со други системи. Не е оправдано да копираме образовни системи од Европа и да ги примениме во наши услови затоа што еден надворешен образовен систем делува во сосема други услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button