ЕКОНОМИЈА

НОВАТА OPEL МОККА ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА!

  • Новата Opel Mokka во Македонија, 1.2, 136КС, Edition ниво на опременост за 21.990€; достапна и во хибридна и во електрична верзија.

    Новата Opel Mokka денес, 23.5.2025, беше промовирана на македонскиот пазар во нејзината заводлива Tropical Green боја, во дворот на прекрасното кафуле Bis Bar.

    Истата беше изложена во бензинска изведба со 1.2 136 КС мотор и GS Ниво на опременост, a опцијата со Edition ниво на опременост е 21.990 евра.

    Модерна, компактна и со дополнителни стилски елементи – тоа е новата Opel Mokka.

    Популарниот SUV во гамата на Opel од секогаш привлекувал погледи и важел за еден од највпечатливите модели, сега е збогатен со уште повеќе елементи. Ова не се должи само на изострениот дизајн, туку и на трите дополнителни нови бои на каросеријата кои сега се достапни за новата Opel Mokka.

Тие навистина го истакнуваат овој компактен SUV. Металик боите: сината Kolibri и зелената Tropikal, обете создадени ексклузивно за Mokka, како и еднобојната сива Graphik гарантираат дека новата Mokka ќе продолжи да привлекува внимание. Особено кога непогрешливите бои формираат карактеристичен контраст со опционалниот покрив обоен во црна Karbon и опционалниот црн капак на моторот.

Advertisements

Новата или ре-дизајнираната Opel Mokka припаѓа на B-SUV сегментот и можам со задоволство да кажам дека е навистина една од највпечатливите возила во својата класа. Особено новите бои кои ја прават уште повеќе смела и самоуверена во секој поглед. Opel Mokka се осмелува да биде различна уште на прво видување. Клиентите веднаш ги привлекува надворешниот изглед, а дополнително се фасцинираат и од нејзината внатрешност и целата технологија која што е употребена за уште поголемо уживање при возење. Воедно запазувајќи го пристапот на „Greenovation“ на брендот Opel.Изјави Драган Јовев, Продукт менаџер за Опел во Еуроимпекс

Ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење или да ги посетат продажните места на Opel во Македонија. Нашиот тим стои на располагање, а за повеќе информации посетете ја веб страната www.opel.mk

****

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВАТА OPEL MOKKA>

Современа, компактна, со непогрешлив стил – ова е Opel Mokka. Со својот смел и чист дизајн, Mokka стана бестселер. Сега Opel го прави необичниот компактен SUV уште поатрактивен – и одвнатре и однадвор. Новите акценти дополнително го нагласуваат уникатниот карактер на Mokka, а Opel имплементира технологии од повисоки сегменти на возила во сегментот на SUV B.

Карактерот нагласен: Новиот Opel Blitz, осветлувачки „блокови“и графички акценти

Со своите смели и јасни линии, вклучувајќи го Opel Vizor, Mokka веќе остави свој белег. Тоа беше првиот модел кој го воведе карактеристичното бренд лице, кое сега го краси секој нов модел. Овој самоуверен дизајн инспирира многу клиенти – и затоа Opel не ја преработи комплетно надворешноста на Mokka, туку суптилно ги нагласи нејзините визуелни сили. Новиот Opel Blitz во центарот на Opel Vizor помага дополнително да се нагласи карактерот на Mokka. Црниот Vizor визуелно ги интегрира новиот Blitz и светлата во еден елемент. Како на новиот Opel Frontera, познатиот потпис на LED светлата напред

и назад свети во по-модерна интерпретација со три „осветлувачки блокови“ што обезбедуваат безкомпромисен изглед.

Детокс и Greenovation: Новата Mokka – внатрешноста свети во ново светло

Новата Opel Mokka продолжува со својата ресурсно-економична стратегија во внатрешноста. Сите ткаенини се направени од материјали со рециклиран состав. Визуелно, „детокс“ пристапот – јасната фокусираност на основните елементи – зазема централна сцена.

Централната конзола помеѓу предните седишта, во мат сребрена нијанса, сега е уште појасна од порано. Целиот дизајн на кокпитот сега изгледа посвежо и посакувано, како од повисока класa на возила. На пример, дизајнот на преостанатите прекинувачи за електричната паркирна сопирачка и селектираните начини на возење (на Mokka Electric и автоматските верзии) доаѓа од новиот Opel Grandland.

Интелигентен, интуитивен, прилагодлив: надграден инфоразвојен систем

Новиот мултимедијален и навигациски инфоразвојен систем исто така ја носи новата Mokka на следното ниво. Понатаму развиениот бестселер сега нуди 10-инчен дигитален дисплеј за информации за возачот и исто така голем екран на допир како стандард. Истиот може лесно да се управува преку модули, како преку паметен телефон – алтернативно и во комбинација со опционалниот навигациски систем, едноставно „Хеј, Opel“ е доволно за користење на природното препознавање на глас. Двата дисплеја можат да се персонализираат на многу начини. Системот го препознава личниот профил на возачот на поврзаниот паметен телефон; поврзаноста е секогаш безжична во новата Mokka.

Апликацијата myOpel исто така може да се користи за лесно испраќање на дестинацијата и соодветната рута до возилото.

Дополнително, инфоразвојниот систем на Mokka Electric нуди EV рутирање со прикажување на станиците за полнење. Покрај тоа, паметните телефони можат да се полнат безжично.

Детоксирана понуда:

Новиот модел e достапен во две нивоа „Edition“ и „GS“ и може дополнително да се прилагодат со два индивидуализирани пакета. Компактниот SUV покрај помоќниот бензински мотор 1.2 136кс, сега со погонски ланец, e достапен и како модерен хибрид со 48 V технологија и како електричен, исклучиво со 115 kW (156 КС) електричен мотор и 54 kWh батерија. Со автономија до 403 km (WLTP2) без емисии. Локацијата на батеријата под подот овозможува низок центар на гравитација и гарантира дека новата Mokka Electric се управува стабилно на патот.

Клиентите кои претпочитаат алтернативен погон можат да ја изберат новата Mokka Hybrid со 48V технологија со 100 kW (136 КС) 1.2-литарски турбо бензински мотор со 21 kW (28 КС) електричен мотор и нова електрифицирана шестстепена двојна спојка.

Оптимизираниот систем помага значително да се намали потрошувачката на гориво и CO2 емисиите во споредба со соодветно конвенционално управувано возило. А при ниски брзини, возачите на Mokka Hybrid можат дури и да управуваат со својот SUV низ градскиот сообраќај исклучиво електрично и без емисии.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button