ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Новата цена на струјата ќе затвора фирми – „имаме цени како во Германија“

Новата цена на струјата, според стопанските комори, ќе предизвика отпуштање на работници и клуч на врата за многу фирми. Покрај блок-тарифите за граѓаните, нова цена на струјата добија и компаниите кои се под регулираниот пазар. Од први месецов микро и малите компаниите ќе плаќаат за 40 проценти поскапи сметки за струја. العب واربح المال الحقيقي Ако досега за киловат час тие плаќаа 13,46 денари, сега ќе ги чини 19,04. لعبة بلاك جاك 21 Новина е воведувањето на поевтина струја од 22 до 6 часот и за компаниите. Таа ќе чини 15,5 денари за киловат. Од стопанските комори велат дека во земјава се плаќа најскапа струја за разлика од соседните држави.

Advertisements

„Нашата цена за бизнисот за електричната енергија е иста како во Германија, Унгарија. Се прави еден тежок преседан, во коишто во првиот квартал од оваа година, околу 4.000 компании банкротираа. Сега дополнително ќе се движиме во таа насока да добар дел компаниите ќе не можат да го поднесат овој удар ќе не можат да функционираат со овие цени од едноставна причина не создаваат толку профит колку што е цената на електричната енергија“, рече Горан Горѓиевски, потпретседател на Сојуз на стопански комори.

Предлози за нови антикризни мерки од коморите се испраќаат секојдневно до Владата. За евентуален нов сет мерки ќе се чека ребалансот на буџетот, вели министерот за економија. لعبة جاك

„…Во моментот кога ќе се усвои ребалансот на буџетот, кога ќе имаме можност да креираме мерки или да ги редизајнираме постоечките мерки, а и да имаме и нови, ние ќе ги викнеме сите стопански комори“, рече Крешник Бектеши- Министер за економија.

Бизнис-заедницата од почеток на годинава бара мерки за помош во делот на електричната енергија, субвенции и олеснителни околности за поставување на фотоволтаци за покривање на дел од сопствените трошоци за струја.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button