Новата учебна година ќе стартува без книги во основните училишта


Alsat
29.08.2020 15:58
Недостатокот на книги за основно и средно образование ќе биде дополнителен проблем за учениците и раководителите на училиштата во новата учебна година. Иако од Министерството соопштија дека дистрибуцијата на книги е веќе започната, директорите на училиштата велат дека таа се спроведува бавно, и не со доволен број на книги. Во училиштето „Бајрам Шабани“ во село Кондово, дистрибуирани се главно книги од Кембриџ за прво, второ и трето одделение.
„Најголем проблем е за книгите кои не се од Кембриџ, ние имаме поголем недостиг затоа што тие книги се повеќе оштетени, затоа што се користат повеќе години. Ние како училиште, мислам дека сме ја исполниле обврската за нарачка на книгите што ги имаме, ќе почекаме. Книгите започнаа да се дистрибуираат, нормално е дека сите имаат формулар, водиме евиденција, но чекаме, многу книги не пристигнале навреме, не знаеме со кои издавачки куќи има договор Министерството за образование“, изјави Менсур Јакупи, директор на ОУ „Бајрам Шабани“, Кондово.
За разлика од основните училишта, во средните училишта проблем се книгите за стручните насоки, од кои многу не се преведени на албански јазик.
„Во насоката економија навистина имаме проблеми, кој не зависат од нас, зависат од највисоките институции, кои немаат преведени книги. Професорите имале соодветни книги кои се со планот . „Имаа кратки диктати со професорите; професорите пронајдоа соодветен материјал за тие ученици, така што некако се снашле за да го развијат образовниот процес како што треба“, рече Незране Рустеми, професор во СУГС „Сарај“.
Покрај дистрибуцијата на нови книги, учениците од предметните училишта постепено ги враќаат во училиште книгите што ги користеле во текот на минатата учебна година . Во последниве години, скоро сите училишта во земјата имаа проблеми со набавка на книги. И покрај недостатокот на многу учебници, оние што им се дистрибуираат на учениците се многу оштетени. Најголем недостаток на книги е забележан во предметите: албански јазик за шесто и деветто одделение, македонски јазик, историја, географија, граѓанско образование и други.
Мелихате Рустеми