ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Новата власт бара решение за општините

Новата власт бара решение за општините

Новите власти предложија законски решенија да не се одржат предвремени избори во општините кои останаа, или ќе останат без градоначалник по парламентарните избори. Станува збор за Аеродром и Гостивар, чии градоначалници ќе бидат избрани за министри како и за Општина Сарај, чиј градоначалник беше избран за пратеник. Христијан Мицкоски смета дека не треба да има предвремени избори, бидејќи регуларните избори ќе се одржат наесен следната година.

Предлог-измена на двата закони кои го засегаат ова прашање, Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, наскоро треба да биде во рацете на пратениците и да се разгледаат на пленарна седница. И од коалицијата, ВРЕДИ, рекоа дека треба да најде решение. Според нив, решението треба да предвидува- доколку по заминувањето на градоначалникот на општината остануваат помалку од две години до редовните избори, општинскиот совет да има право да избере нов градоначалник кој ќе раководи до изборите.

Партиите бараат поддршка за усвојување на овие измени со консензус. Алсат побара став и од Европскиот фронт и од СДСМ за ова прашање, но одговор не добивме./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button