МАКЕДОНИЈА

Нови 191 случаи на Ковид-19, починаа 3 пациенти

Шести ден по ред, бројот на нови случаи со ковид 19 за 24 часовниот период во нашата земја е троцифрен. Од направени 1350 тестови, 191 лице се позитивни. Најголем број на заразени во текот на овие 24 часа регистрирани се во Скопје 96, во Тетово и Кочани 15 и во Прилеп 13.

Advertisements

Вклучувајќи ги новите случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 18.790. Од оваа бројка, повеќе од 7.200 лица се во главниот град. Министерството за здравство ги објаснува високите бројки на заразени во последните денови со непочитување на мерките за заштита.

„Зголемениот број на новозаразени лица регистрирани од ИЈЗ во последните денови се должи на непочитување на мерките за заштита. За време на викендот, Комисијата за заразни болести ги анализира епидемиолошките истражувања со цел подетално да ги утврди причините за големиот број случаи во општините и градовите“, наведуваат од Министерството за здравство.

Во текот на минатата ноќ животот го загубија три лица на возраст од 67 до 81 година. 77 пациенти ја добија битката со вирусот. Активни случаи во моментов се 2.693, од кои 340 се лекуваат во болници. Повеќе од половина од пациентите примени на Инфективната клиника добиваат терапија со кислород, додека од хоспитализираните на „8 Септември“, тројца пациенти се на апарат за дишење. Капацитет има во болниците во земјава, но и покрај тоа, монтажните болници кои беа најавени пред извесно време за 16 општини требаше да бидат подготвени досега. Филипче за ова го обвинува поранешниот заменик министер за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

„Сè уште ги чекаме монтажните болници преку заемот од Светска банка. Тие не се подготвени, бидејќи ВМРО ДПМНЕ не го потпиша заемот во времето кога беше во техничката влада. Тогашниот заменик министер за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, не сакаше да потпише. Сите постапки за кои е одговорно Министерството за здравство се завршени и доставени до Светска банка“, рече министерот Филипче.

Поранешната заменик министерката непотпишувањето го образложи дека не се доставиле сите пресметки и целта за која се бара заемот.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button