ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нови 22 пациенти примени во ковид-центрите во Скопје, пуштени 29 оздравени

Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
На интерните клиники во изминатите 24 часа имало прием на девет пациени, од нив двајца биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за Нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за Неврологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани пет болни лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.