ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Нови 26 случаи на голема кашлица, вкупно 931 случај во државава

Нови 26 случаи на пертусис, позната како голема кашлица, се пријавени во периодот од 12 до 18 јули, што претставува намалување од 35,4 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 10. Пријавени се и седум случаи од Куманово, по два во Кратово и Тетово и по еден случај во Гевгелија, Неготино, Кичево, Битола и од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од три месеци до 70 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите случаи, хоспитализирани се две лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button