Нови 355 случаи со КОВИД-19, еден починат во изминатите 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи со КОВИД-19 и 145 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022, соопшти Министерството за здравство.
Од 355 новозаболени од Скопје се 156, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.