ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови 491 случаи на корона, 22 починати пациенти

Во текот на последните 24 часа на национално ниво, од извршени 3.747 тестови, регистрирани се 491 нови случаи на Ковид-19, од кои 232 само во Скопје. Починале 22 пациенти. Институтот за јавно здравје објави и дека во истиот период се излекувале 416 пациенти, пренесува Алсат. Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 188.113 случаи на Ковид, од кои 169.116 се опоравиле, а 6.511 починале. Во моментов има 12.486 активни случаи.

Согласно регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button