ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Нови 725 случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 13 пациенти

Во последните 24 часа се извршени 3.342 тестови за Ковид-19, а 725 од нив се позитивни на коронавирусот.
Институтот за јавно здравје известува дека во последните 24 часа излечени се 215 пациенти, додека 13 пациенти ја изгубиле битката со вирусот.
Во нашата земја, од почетокот на пандемијата со Ковид-19, дијагностицирани се 100.632 лица, додека 90.311 се излекувани. Од почетокот на пандемијата, 3.098 пациенти го загубија животот, додека бројот на активни случаи е 7223.